Информација од Министерство за надворешни работи
06 February, 2023
категорија Makam-Trans
Почитувани членки,
По силниот земјотрес во југоисточниот дел на Република Турција изразуваме длабоко сочувство до семејствата на загинатите по страшниот земјотрес што ја погоди Турција, на повредените им посакуваме брзо закрепнување.
Истовремено Ве информираме за објавата од Министерство за надворешни работи за контакт броевите на кои може да се обратат наши граѓани за сите евентуални прашања до Амбасадата во Анкара и Генералниот конзулат во Истанбул.
Истите се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје +38975273732.
Ваш Макам-транс