Анализа на распределба на ЕКМТ годишни дозволи за 2023 година
03 December, 2022
категорија Makam-Trans
Почитувани членки,
Во распределба на годишни ЕКМТ дозволи може да учествуваат по свој избор сите превозници кои имаат во сопственост еуро 6 возила, но согласно член 69 точка 3 од ЗППС: „За добивање на ЕКМТ дозвола превозникот покрај критериумите од членот 68 став 2 на овој закон мора да поседува и ЕКМТ тест сертификатот за подготвеност за сообраќај на товарните моторни и приклучни возила.“ превозниците сами бираат и одлучуваат со колку возила ќе аплицираат во распределбата на ЕКМТ дозволи.
На 29.09.2022 година во базата на превозници која се води во министерството за транспорт и врски евидентирани се за јавен превоз вкупно 3599 возила со еуро 6 стандард, а предмет на распределба се вкупно 1680 годишни ЕКМТ дозволи, што значи 46,68% покриеност на евидентираниот возен парк.
Напомена: за сите кои ја анализираат распределбата и споредуваат со претходната година, мора да знаат дека заради промена на критериуми оваа година максималните бодови по едно возило се намалени за 2 бода.
Рекапитулар:
Вкупно аплицирале 381 превозник со прифатени и бодирани 2498 (плус 130 возило од 21/22) возила со еуро 6 стандард за кои превозниците сами одлучиле да се бодираат иако споредено 21/22 во државата има регистрирано далеку поголем број на Е-6 возила.
Се распределуваат 1680 ЕКМТ годишни дозволи или во просек 67,25% покриеност на расположливиот бодиран возен парк од 2498 возила. Споредено со ЕКМТ дозволи за 2022 година има 240 дополнителен број на годишни ЕКМТ дозволи.
На ниво на сите апликанти се утврди просек од 42 бода по возило, со примена на член 21 став 9 од Уредба, поради остаток и нераспределени ЕКМТ дозволи утврдениот просек од 45 се намали за три бода.
Највисок просек по возило е 48,75 бода, а најнискиот просек е 25 бода по возило. Согласно член 21 од Уредба, распределбата на годишните ЕКМТ дозволи се врши на секој превозник кој остварил просечна вредност по возило еднаква или повисока од утврдената гранична вредност намалена за два бода (42-2 = 40 бода/возило), со исклучок на превозници со едно и две еуро 6 возила кои мора да имаат еднакви или повисоки бодови од граничната вредност од 42 бода по возило.
Бодирани од 40-48,75 бодови се 288 превозници од кои 16 се со 1 или 2 возила кои немаат просек од 42 бода и не влегуваат во распределба на годишни ЕКМТ дозволи. ЕКМТ дозволи се распределија на 272 превозници со вкупно 2238 бодирани возила или добиле ЕКМТ дозволи 71,39% од превозниците кои аплицирале, а 28,61% или 93 од апликантите кои оствариле просек по возило од 25 до 39,80 бодови и 16 со 1 или 2 возила кои не оствариле гранична вредност од 42 бода не влегле во распределба, односно 109 (93+16) превозници аплицирале со 260 бодирани возила.
На одредени превозници не се прифатени Е-6 возила за бодирање поради немање на вработени возачи и/или немање важечки СПК на возач или немање на важечки ЕКМТ тест сертификат.
Број на возила по превозник кои учествуваа во бодирање
1 80 80 16 7 112
2 37 74 17 5 85
3 41 123 18 2 36
4 39 156 19 1 19
5 33 165 20 5 100
6 16 96 21 3 63
7 21 147 23 1 23
8 29 232 24 1 24
9 16 144 25 1 25
10 9 90 26 1 26
11 3 33 28 1 28
12 5 60 29 5 145
13 7 91 30 1 30
14 3 42 32 1 32
15 3 45 36 1 36
/ / / 40 1 40
/ / / 48 2 96
Збир 342 1578 39 920
СПОРЕДБЕНИ ПОДАТОЦИ
Се распределуваа 1680 годишни ЕКМТ дозволи споредено со 1440 во 2021/22 година.
Во 2021 година за 2022 година аплицираа 359 превозници, а ЕКМТ дозволи добија 258 превозници.
Во 2022 година за 2023 година аплицираа 381 превозник, а ЕКМТ дозволи добија 272 превозници.
РАСПРЕДЕЛБА
По основ на ефикасно користење на ЕКМТ дозволи од 2022 година (60%), задржани се 705 ЕКМТ дозволи од вкупно 182 превозници кои имаат просек од 44 па се до 48,75 бод по возило согласно член 20 став (2) од Уредба (42+2 за Р6, И6, О6 и У6 и 42+3 за Г6 + А6).
6 8 69 115 428 349 975
За распределба во која учествувале сите превозници согласно наведените барања на ЕКМТ дозволи по видови дополнително се распределуваа 975 дозволи. Со задржување на ЕКМТ дозвола се минусираат бодови за видот на дозволата и возило, а доколку превозникот има слободни возила до 75% покриеност и вкупна маса на бодови учествува во распределбата на остатокот на ЕКМТ дозволи.
Г6 – 6 се распределени на апликанти со просек од: 47,56; 47,43; 47,33; 47,29; 47,29 и 47,27 и остварени вкупни бодови и
А6 – 8 се распределени на апликанти со просек од: 47,56; 47,50; 47,43; 47,29; 47,29; 47,27; 47,24 и 47,20 и остварени вкупни бодови.
Распределени број на ЕКМТ годишни дозволи по превозници – 1680
дозволи
превозници
дозволи
дозволи
превозници
дозволи
1 38 38 14 1 14
2 29 58 15 5 75
3 31 93 16 3 48
4 45 180 17 1 17
5 20 100 18 1 18
6 27 162 19 2 38
7 22 154 21 1 21
8 3 24 22 6 132
9 5 45 24 1 24
10 10 100 27 1 27
11 3 33 30 1 30
12 5 60 36 2 72
13 8 104 / / /
збир 247 1151 25 516
Сите превозници кои учествуваат во распределба имаат во просек по 75% покриеност на возниот парк, од аспект на заокружување на цел број при пресметката и правилото за заокружување на број плус доколку децималниот број завршува на 6 или нагоре, целиот број останува непроменет ако завршува најмногу до 5.
Во однос на пресметките имаме 100% покриеност на сите кои имаат 1 возило (0,75), 50% покриеност на сите кои имаат 2 возила (1,5), има 75,86% за 29 возила (21,75), 66,67% за три возила (2,25), 77,78% за девет возила (6,75) или 80% за 5 возила (3,75) итн.
Заклучок:
Новите критериуми, но и дополнителните 240 годишни ЕКМТ дозволи во оваа распределба овозможија на сите кои во минатата распределба имаа мала покриеност на возниот парк да добијат поголем број на годишни ЕКМТ дозволи. Во оваа тешка економска криза, намален пазар на производи за превоз на европско ниво оваа распределба овозможи сите 272 превозници да имаат поголема флексибилност и достапност до европскиот транспортен пазар.
Ова што оваа година е позитивно не значи дека ќе се случи и во наредната година, но дава можност за нов почеток и водење сметка за што поголемо исполнување на пропишаните критериуми кои се основ за учество во распределба, но и за бројот на ЕКМТ дозволи кои ќе се добијат. Зголемување неплански на возниот парк е ризик кој треба да си го сноси секој превозник поодделно и не треба да очекува дека во целост ќе може да добие толку колку што му се потребни меѓународни транспортни дозволи за пристап до европскиот транспортен пазар.
За жал и после ваква распределба која одамна не се случила има превозници кои почнаа да замеруваат зошто не добиле некој одреден вид на ЕКМТ дозвола, а зошто добил некој друг, се покајаа дека не аплицирале со сите еуро 6 возила кои ги имаат, притоа заборавајќи дека сами одлучиле и избрале со колку возила ќе аплицираат. Никој однапред не може да знае колкава ќе биде граничната вредност, но сепак треба и храброст да се одлучи со кој број на возила ќе се аплицира.
Анализата ја изработи
Биљана Муратовска