ТОПОЛ ДОМ – ДОНИРАЈТЕ СТАРА ПОКУЌНИНА
25 August, 2013
категорија Makam-Trans, Makedonija, Opsto
Почитувани членки,
сите вие без разлика во кој град да се наоѓате МОЖЕТЕ да помогнете вашите сограѓани да добијат неопходна покуќнина или други ствари кои се користат во домаќинствата.
Сите ние имаме по некој предмет кој сме го заборавиле во подрумите, го менуваме намештајот или имаме стара облека , постелнина – јавете се и донирајте на телефоните на Министерството за труд и социјална политика.
Преземањето на покуќнината е организирано со превоз од министерството , вие само се договарате за денот и часот кога треба да дојдат во вашите домови.
Ваш Макам-транс