24 January, 2023
категорија Makam-Trans
Почитувани членки,
Ве информираме дека наредниот преглед на возилата за добивање на ТИР сертификат ќе се одржи на 01.02.2023 година (среда) на Царинскиот терминал – Дени Интернационал Скопје.
Изработката на целосната документација која е дел од нашите услуги може да ја направите во канцеларијата на асоцијација Макам-транс во Скопје секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.
Потребни документи за изработка на Барање за издавање на Уверение и Образец-Уверение за одобрување се копија од сообраќајната дозвола и фотографии од возилото (2+2) со димензии од 13см X 18см (доколку е цистерна дополнително две слики од поклопецот со вентилите).
Деталниот физички преглед на возилата се одвива секој 1-ви, 10-ти и 20-ти во месецот во 09:30 часот на Царинскиот терминал – Дени Интернационал Скопје.
Документите за изработка на потребната документација од наша страна може да ја испратите на нашиот мејл – info@makamtrans.org.mk како и да не контактирате на телефонските броеви: 078 399 019, 078 392 020, 070 695 216, 02 2551 057 за постапката за изработка и подигнување на истите.
Ваш Макам-транс