Потсетување – Обврска за обележување на слепи/мртви агли на возилата во Франција
12 January, 2021
Почитувани членки,
На 04.01.2021 година објавивме информација за нови правила во Франција, односно налепници за означување на возилата во Франција.
Француската Влада, со цел да се намали стапката на сообраќајни несреќи во декември 2019 година, го измени Законот за сообраќај со воведување нова обврска за товарни и патнички возила, што се рефлектира во обележувањето на возилата со налепници за предупредување на слепи/мртви агли на возилата.
Врз основа на споменатата измена на законот од 1 јануари 2021 година, сите возила со вкупна тежина над 3,5 тони во Франција мора да бидат обележани со налепници за предупредување на мртвите агли на возилата и од страната и од задниот дел на возилото. Пропишаните димензии на налепниците се: висина: 25 см (± 1 см) и ширина: 17 см (± 1 см).
Целта на споменатото обележување е да им се укаже на чувствителните групи учесници во сообраќајот, вклучувајќи ги возачите на автомобили, мотоциклистите и велосипедистите, постоењето и положбата на слепите места во камионите и патничките возила.
Следниве возила се ослободени од оваа обврска:
– земјоделски и шумски возила;
– зимски сервисни возила;
– возила со услуги за управување со патишта;
– моторни возила или приколки во кои е невозможно да се обележат страните и / или задниот дел на возилото, како што е случајот со бетонски мешалки или дигалки.
Можете да видите објаснување за тоа како и каде да ја поставите налепницата со кликнување ОВДЕ.
Налепниците онлајн може да ги набавите на следниот линк: https://www.aftri-services.com/accueil/62-signalisation-angles-morts-des-vehicules-lourds.html
Пред набавка на налепниците информирајте се за нивниот квалитет и дали истите се флуоресцентни.
Очекуваме подетални информации и од нашата ВИП членка EASYTRIP за што навремено ќе ве информираме.
Ваш Макам-транс