Откажан термин за испит за сертификат за возач
17 June, 2022
категорија Makam-Trans
Почитувани членки,
Согласно известување од Министерство за транспорт и врски, Ве информираме дека закажаниот термин за полагање за сертификат за возач на 25.07.2022 година е откажан и нема да се одржи.
Следни термини за полагање на испит за добивање на сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај (СПК) на возач се:
– 01.07.2022 година,
– 15.08.2022 година,
– 17.08.2022 година.
Пријавете ги вашите возачи за испит на телефонските броеви: 070 695 216 / 078 399 019 / 077 817 463 / 047 252 807 и 02 2551 057 или на мејл info@makamtrans.org.mk.
Информирајте ги за поевтината и професионална обука во Асоцијација Превозник, искористете ја можноста што ви ја дава „Макам-транс” во соработка со Асоцијација „Превозник” и обезбедете поевтина обука за професионалните возачи. Покрај обуката возачите добиваат и прирачник со практичен приказ на сите суштествени прописи кои се помош при вршење на превоз на стока и патници.
За пријавувањето на испитот покрај лична карта, потребно е до Асоцијација Превозник да доставите и возачка дозвола за возачот, како би можело пријавата да биде прифатена и возачот да биде пријавен за предвидениот датум на испит.
Испитите се одржуваат на Европски универзитет кој се наоѓа во близина на зградата на Нова Македонија – Скопје.
Ваш Макам-транс