Започна петтата по ред обука референт за логистика
15 November, 2022
категорија Makam-Trans
Почитувани членки,
Денес, 15 ноември 2022 година се одржа воведниот час со новата група од обуката за референт за логистика.
Обуката ќе се одвива онлајн во период од 3 месеци на ZOOM платформата, со што се создава поголема флексибилност во следење на истата. Обучувач е г-ѓа Муратовска која денес ги воведе кандидатите со она со што ќе се сретнат во наредниот период колку што е времетраењето на обуката.
Дел од програмата за следење на обуката за добивање на сертификатот за референт логистичар е запознавање и учење од теоретски, но и од практичен аспект за превозот на стока во патниот сообраќај, поврзување на законската материја со работните обврски во превозно трговско друштво.
Бидете професионални во дејноста превоз на стока.
Ваш Макам-транс