ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ – ПРЕВОЗ НА СТОКА
25 August, 2013
категорија Evropa, Makam-Trans, Tenderi
Превоз на стока е тешка , но во исто време и благородна дејност која ги спојува сите чинители во една економија. Без превоз на стока нема да може да функционира целокупното стопанство на сите држави.
Да бидеш превозник е чест и голема храброст, да вложиш средства , знаење и умешност да ги извршиш сите транспортни операции за да стасаш до крајната цел.
По патишта во секакви временски услови, возилата се движат во непознато, носат луѓе, стока со огромни вредности, а за се тоа сте ОДГОВОРНИ ВИЕ. Да бидеш превозник значи да бидеш спремен во секој момент да се БОРИШ и да решаваш и свои и туѓи проблеми, но за жал почит која заслужувате често не ви се враќа со иста мера. Постојано се сретнувате со крадци , измамници, дволични луѓе кои се обидуваат на секаков начин да ве омаловажат, да ве натераат да бидете нивен сервис по нивни услови на игра, не водејќи сметка дека вие сте посебни правни субјекти со свои визии и замисли за раст и развој. Субјекти кои вложиле огромни средства во својот возен парк, кој се движи надвор од вашите деловни простории, без можност да влиаете на случувањата кои ве демнат на секој чекор.
Успехот на превозникот е во слога и солидарност со своите колеги, заеднички настап и заземање на ставови за дејствија кои не секогаш се во ваша моќ и можности за дејствување и делување, но заедничките ставови и преземени чекори неминовно ВРОДУВААТ СО ПЛОД.
Во услови на стопанисување во Р.Македонија , секој неуспех кој го претрпија превозниците е резултат на НЕ СЛОГА , РАЗДВОЕНОСТ и НЕ ПОЧИТУВАЊЕ на ВЗАЕМНО ДОНЕСЕНИ ОДЛУКИ. Уште од римско време позната е поговорката на Јулие Цезар кој рекол „ Раздели па владеј„.
Почитувани членки, почитувајте се повеќе себеси, своето семејство и вработените кои живеат од вашиот труд и големите инвестиции во оваа област. Вие сте тие кои им требате на сите корисници на превоз затоа што стоката наменета за превоз нема да донесе профит нити ќе ја изврши својата улога, ако некој превозник не ја испорача навреме до однапред одредената дестинација.
КОРИСТЕТЕ ГИ ПРАВАТА КОИ ГИ ИМАТЕ СО ЗАКОНОТ ЗА ДОГОВОРИ ЗА ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ И ЦМР – КОНВЕНЦИЈА, НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ДА ВЕ ЗАПЛАШУВААТ.